Вести Македонија Топ вести

Одреден 30 дневен притвор на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство

30-дневен притвор на актуелниот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кој вчера беше фатен, а денеска и формално лишен од слобода и осомничен за примање мито му одреди Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје.

Мерката е определена на предлог на Основното јавно обвининителството за гонење на организиран криминал и корупција кое денеска отвори истражна постапка против државниот службеник.

Како што информираа попладнево од Кривичен, притворот е определен по сите три основи, односно опасност од бегство, можноста од влијание врз сведоци и опасност да го повтори делото.

Претходно од Министерството за внатрешни работи (МВР) и од ОЈО ГОКК соопштија детали во врска со дејствијата што осомничениот директор на Државниот инспекторат за земјоделство ги презел за да изнуди поткуп од 100 000 евра, кој требало да биде исплатен на три рати.

Парите тој ги барал од сопственик на фирма за да овозможи стоката што таа ја увезувала да влезе во земјава, откако претходно била задржана на граничен премин. Образложението на осомничениот, според МВР, било дека стоката има забрана за влез бидејќи не ги исполнува законските услови за увоз. Од ОЈО ГОКК наведуваат дека осомничениот во периодот од 5 март до вчера директно ги барал парите, притоа вршејќи притисок врз службени лица да не му се одобри увоз на стока на правното лице, иако таа многупати претходно била увезувана.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Во село Лабуништа пронајден човечки череп

Дејан Дејан

Димитриевски: ЗНАМ не е создадено за да биде дел од старите политички матрици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе