Вести Македонија Топ вести

Недостиг на глукомери и антидијабетна терапија

25 години борба, посветеност, солидарност и надеж, но и исто толку години соочување со недостиг на ленти и глукомери, бележи Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија. Велат дека дополнителен проблем е и недостигот на антидијабетна терапија.

-На секои две години по месец два немаме глукомери, немаме ленти. Тоа значи дека лицата со дијабетес немаат можност навреме да ги мерат своите гликемии, што значи развивање на компликации, кардиоваскуларни, невропатски, односно бубрежни, срцеви мозочни и ретионопатија. Има недостиг на антидијабетна терапија за жал, која што на пациентите им е од особено значење на пациентите со ТИП 2 кои што веќе имаат развиено компликации да не доразвиваат, изјави Диме Велев, претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија

Велев додава дека постојано реагираат до надлежните институции, за ваквите ситуации да бидат надминати , но има чувство дека се соочуваат со празни ветувања.

Старите глукомери се над 24 месеци со истечени чипови и луѓето не можат да ги користат. Нема доволно лепенки сензори, за децата со сензори и младите, а тендерот се уште не е завршен, вели Велев.

Важно е да се подигне свеста и кај самите пациенти за квалитетот на живот за кој и самите може да придонесет, вели Иванка Караѓозова -Трчкова која веќе 30 години е пациент со дијабетес тип 1 ,

Посебно голем проблем е кај повозрасните пациенти, затоа што тие потешко се приспособуваат на новите навики, на новите терапии, да се обрне внимание на едукација и да се иницира поголема присутност на настаните каде што се одвиваат овие едукации, изјави Иванка Караѓозова Трчкова, претседателка на Здружението на дијабетичари -Велес.

Во рамки на дводневната конференција беше промовиран и Прирачник за исхрана кај лица со дијабетес мелитус.

Во секојдневната клиничка пракса сфативме дека пациентите се наоѓаат во една голема заблуда помеѓу она што науката и диететиката современа за пациенти со дијабетес го нуди и она што како податоци го имаат пациентите со нивното опкружување и секако под влијание на медиумите сфативме дека се наоѓаат во еден голем хаос, кој што треба да се организира, да се стави во некаков ред и да добијат практични насоки за исхрана, вели д-р Наташа Недеска Миновска.

Во моментов со дијагноза дијабетес има 135.000 до 140.000 граѓани. 40.000 се на инсулинска терапија и од нив 4000 се тип 1 со автоимуна болест која подразбира современи методи за континуирано мерење гликемија, со инсулински пумпи за да може нормално да функционираат, вели првиот човек на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, Диме Велев .

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе