Вести Македонија Топ вести

Ни остави аманет за другарство, за музика, за човечност – струмичани сè уште во тага по тапанарот Џоко Ѓоргиев

Една година по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загуби младиот струмички тапанар Џоко Ѓоргиев, неговите пријатели, соработници и ученици сè уште со тага, но и со голема почит се сеќаваат на него и на трагата што ја остави во музиката и меѓу луѓето.

Според професорот по гитара Васко Пиличев, изминатата година била исклучително тешка за сите – и за Струмица и за целата држава.

„Некако тој ни остави аманет. Не еден, многу аманети ни остави, да го славиме неговото име, да го задржиме неговото име. Тој ни остави аманет за другарство, за музика, за едноставно човечност, и ние тоа мораме да го продолжиме“, вели профеосорот по гитара, Васко Пиличев.

Во негова чест, летната школа за гитара која се организира во Струмица минатата година е преименувана и сега го носи неговото име. Организаторите велат дека со гордост ја продолжуваат традицијата под името на Џоко Ѓоргиев, човек кој бил важен дел од настанот.

„Тој не само што беше важен дел од настанот како инструменталист, тапанар, тој беше многу важен дел и на самите проби. Позитивната енергија којашто ја носеше, другарството коешто го имавме, соработката, едноставно тоа може да го почувствуваат само тие што работеле и соработувале со него“, вели професорот по гитара и соработник Васко Пиличев.

Кобната ноќ, 25-годишниот Џоко настапуваше во дискотеката „Пулс“ заедно со групата ДНК со кои подолго време соработуваше. Последниот настап пред своите струмичани го имаше само десетина дена претходно, на концертот под маски со музичкото училиште каде беше вработен.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски: Водата во Гостивар, конечно, може да се користи како техничка

Sasko Dimovski

Пожар се приближуваат кон Бордо, Макрон свика итен состанок- над 300.000 луѓе се евакуирани во Франција и Шпанија

Kristina Kuzmanovski

Паднаа цените на нафтата по најавите за прекин на нападите меѓу Иран и САД

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе