Вести Македонија Топ вести

ДЗР: Во министерството за односи меѓу заедниците, исплаќана плата без присуство на работа, недостигаат лаптопи, фондации треба да вратат пари

Државниот завод за ревизија откри сериозни пропусти во Министерството за односи меѓу заедниците за 2024 година.

Според ревизијата, во министерството недостигаат 30 лаптоп компјутери, за дел од вработените се исплаќале плати без да се провери дали навистина биле на работа, а нафтата за возила често се точела без никаква контрола дали автомобилите се во сопственост на министерството или во нечија приватна сопственост.

Основните средства и побарувањата од вработените се лошо евидентирани, што ја истакнува целосната хаотичност во управувањето, констатираа ревизорите.

Додаваат дека проблемите се прелеваат и во финансирањето на здруженија и фондации. Од 33 поддржани организации, повеќе од половина треба да вратат дел од добиените средства, бидејќи не доставиле докази за нивното користење.

Поголемиот дел од документите биле доставени на албански јазик, без превод на македонски, а програмата за финансиска поддршка била донесена со задоцнување – знак дека администрацијата едноставно не функционирала како што треба. Дури и јавните набавки се исполнети со чудни и сомнителни практики.

Сервисирањето на возила се наплатувало по неколку пати повисоки цени од понудените, дел од деловите не биле предвидени во договорите, а лиценците на фирмите кои учествувале во тендерите не биле проверувани.

Сите овие наоди ја ставаат во центарот на вниманието слабата контрола и недоследностите кои го дефинираат работењето на министерството во 2024 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски: Водата во Гостивар, конечно, може да се користи како техничка, но сè уште не e за пиење и за подготвување на храна

Sasko Dimovski

Пожар се приближуваат кон Бордо, Макрон свика итен состанок- над 300.000 луѓе се евакуирани во Франција и Шпанија

Kristina Kuzmanovski

Паднаа цените на нафтата по најавите за прекин на нападите меѓу Иран и САД

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе