Вести Култура

Претставата „Странецот“ ги отвора клучните прашања за националната уметност, празните аплаузи и длабоката недоверба во институциите

Што се може да биде театар, каква одговорност има тој кон гледачот и што значи „национална“ уметност во време на уморни репертоари, празни аплаузи и длабока недоверба во институциите?

Претставата „Странецот“ ги отвора клучните прашања преку навидум рутинска, застарена „уметничка“ буржоаска комедија за брачна измама, во која тројца актери играат пред публика што трпеливо консумира уште една вечер култура. Но, текот на претставата радикално се менува кога еден гледач станува од своето место и ја прекинува изведбата, одбивајќи да седне или да си замине сè додека не добие одговор на прашањето: Зошто неговата единствена слободна вечер треба да ја помине на нешто што не го допира, не го забавува и не му се обраќа?

Од тој момент, фикцијата почнува да се распаѓа. Актерите се приморани да излезат од улогите и да го бранат сопствениот труд, театарот, смислата на уметноста и личното достоинство. Театарската сала се претвора во бојно поле меѓу публиката и сцената, меѓу „елитната“ и „народната“ култура, меѓу стравот од промена и очајната потреба нешто навистина да се случи.

На 28 јануари 2025 година, на сцената на НУ Народен театар Битола љубителите на театарот ќе имаат можност да ја гледаат изведбата на претставата „Странецот“ која е инспирирана од филмот „Јаник“ и од материјали создадени во текот на самиот театарски процес.

Претставата е копродукција на НУ Народен театар Битола и Здружение „Купола“ – Штип, а драматургијата и режијата се на Дамјан Читкушев. Во неа играат Никола Стефанов, Ана Грамосли, Дритон Вејсели, Николче Пројчевски, Валентина Грамосли, Марија Цветановска, но и самиот режисер Читкушев.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Полициската ЕБР го промовираше засилувањето – новите припадници ги прикажаа своите вештини

Дејан Дејан

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе