Вести Култура

Филмот „17“ со кој одиме на Берлинале поставува прашање за колективната одговорност

Вест што ја пренеле македонските медиуми за апсолвентка која тргнала на екскурзија, се породила на Табановце, го оставила бебето во тоалетот и продолжила на екскурзија, ја вознемирила, но и ја инспирирала режисерката Косара Митиќ за нејзиното дебитантско долгометражно остварување „ 17“ , со кое ќе учествува во програмата „ Перспективи“ на Филмскиот фестивал во Берлин, следниов месец. Со Митиќ на сценариото работел и Хрватот со берлинска адреса, Огњен Свиличиќ. Според режисерката, филмот поставува прашање за колективната одговорност во врска со ваквите случаи.

  • Филмот не се бави со давање одговори. Не се бави со обвинувања, не се бави со морализирање, тематизирање, туку се бави со кој е одговорен, односно кои луѓе, тишини и институции дозволиле такво нешто да се случи, вели Косара Митиќ, режисерка и косценарист на филмот „ 17“.

Главната улога на Сара ја толкува студентката од ФДУ, Ева Костиќ. Таа признава дека се исплашила од сложеноста на улогата.

  • Бев изненадена кога дознав дека ќе ја играм Сара.Веднаш сватив дека е многу комплексен лик и малку ме плашеше тоа, искрено. Ама константно разговаравме со Косара, рече Ева Костиќ за ликот на Сара.

Улогата на нејзината другарка Лина и е доверена на дипломираната актерка Мартина Даниловска. Во филмот играат докажани актери, млади надежи на македонската кинематографија и натуршчици, а 20 од нив се млади луѓе. Ова е атипичен филм за нашата кинематографија, со поинаков пристап, вели продуцентот Томи Салковски.

  • Значи од визуелен аспект, од креативен аспект, од актерски аспект малку е поразличен. Тука ја потрошивме нашата енергија, кажа Томи Салковски, продуцент на филмот од „ Црна мачка продукција“

Кинематографер е Наум Доксевски, а како копродуценти се вклучени и Србија и Словенија , „Синема нетврок“ и „Синелинк ворк ин прогрес“ .

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клековски: Водата за пиење во Гостивар ќе биде пуштена во употреба кога ќе биде апсолутно сигурна

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Јорданов: По невремето најголема матерјална штета има Клиничката болница во Штип

Kristina Kuzmanovski

(Фото) Скопје по невремето – откорнати дрвја, кровови и огради по улиците и училишните дворови

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе