Премиерката на Данска, Мете Фредериксен изјави дека нејзината земја не смее да се заплаши и оти најтешкиот дел од кризата, како што рече на ТВ 2, „за жал е пред нас“.
Нагласи оти ситуацијата околу Гренланд е еднакво сериозна, како што и се чини, меѓутоа, без оглед на се, дека останува умерено оптимистична.
„Секогаш сум полна со надеж, но не сум наивна. Ќе минеме низ ова, но не знам што уште нè чека на тој пат“, рече Фредериксен.
Заканите на американскиот претседател Доналд Трамп со царини за нејзината држава и други во Европа, за неа се неприфатливи.
„Тотално е неприфатливо да се заканувате на добар сојузник како Данска. Ова е сериозно и сметам дека заканите се неприфатливи“,
