Полицијата соопшти дека во пожар на свињарска фарма во Долно Чичево (општина Градско) повреди пријавиле 8 лица.
-Поради вдишување на чад, едно лице било пренесено во Општа болница Велес, додека четири лица се јавиле на преглед во Општа болница Неготино и три лица во Општа болница Кавадарци, информира МВР.
Во пожарот угинале шест животни, а причинета е и материјална штета. Велешките пожарникари го изгаснале пожарот, а увид извршиле јавен обвинител, вештак и тим од СВР Велес.
Во продолжение, соопштението од билтенот на МВР:
На 17.01.2026 во 10:45 часот, во СВР Велес е пријавено дека настанал пожар во свињарска фарма на правно лице, во село Долно Чичево, општина Градско. Во пожарот угинале шест животни, а причинета е и материјална штета. Поради вдишување на чад, едно лице било пренесено во Општа болница Велес, додека четири лица се јавиле на преглед во Општа болница Неготино и три лица во Општа болница Кавадарци. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Велес. Увид извршиле јавен обвинител, вешто лице и увидна екипа од СВР Велес.
