Во Аеродром денеска е отворен новиот реновиран дел од ООУ „Блаже Конески“. По завршување на изградбата и промоцијата, во второто полугодие во матичното училиште ќе се вратат повеќе ученици кои последните три полугодија учеа во други училишта во Аеродром поради реконструкцијата и градежните работи. кое беше изградено з
Во новиот дел на училиштето се изградени 16 модерни училници и кабинети, библиотека, сала со бина, лифт, кујна и трпезарија, енергетски ефикасна фасада и целосно пристапни услови за сите ученици.
Втората фаза од проектот веќе е почната и опфаќа изградба на спортска сала, 10 нови училници, кабинет за информатика, нова библиотека, просторен хол за активности и партерно уредување на дворот со игралишта, зеленило и нов паркинг, со вкупна вредност од 253 милиони денари.
Премиерот Христијан Мицкоски кој беше на отварањето рече дека со проектот се подобруваат условите за учениците и наставниот кадар.
-Во училиштето „Блаже Конески“ во Аеродром има услови идеални за учење, а кога ќе се вратам од службеното отсуство од Давос ќе го пуштиме и реновираното училиште или гимназија во Тетово „Кирил Пејчиновиќ“ и така ќе продолжиме со примопредавање на сите оние проекти коишто изминативе 18/19 месеци ги започнавме, нагласи Мицкоски и на учениците им посака да се стекнат со многу знаење, а на вработените успешна работа.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска истакна дека со отворањето на овој голем објект како дел од ООУ „Блаже Конески“ се создаваат услови за покревање на квалитетот на образованието, а се решава проблемот на учениците и на родителите. На отварањето беше и градоначалникот на Аеродром, Дејан Митевски.
-Проектот не претставува само нови училници, туку и нов повисок стандард за сите ученици кои ќе учат тука. ООУ „Блаже Конески“ добива 16 нови училници, нова опрема, комплетно по сите стандарди и прилагодена за децата согласно возраста, лифт за деца со посебни потреби, посебни тоалети наменети за нив, посебни тоалети за сите ученици и нови услови кои ќе овозможат и наредните генерации да уживаат во образовниот процес, рече Митевски.
