Транспортерите имаат право да штрајкуваат и да ги блокираат граничните премини заедно со нивните колеги во регионот, бидејќи системот „зелена линија“ не функционира, а со тоа се забавува и протокот на стока и транспортерите чекаат, кажа премиерот Мицкоски.
Македонија ги има исполнето сите критериуми, но има неколку институции во земјава и во Брисел кои не се подготвени за проектот.
Македонските превозници најавија дека се приклучуваат кон блокадите на границите кон земјите од Шенген зоната поради новиот систем за влез и излез во овие држави со кои на камионџиите од Западен Балкан им се ограничува престојот.
