Вести Македонија

АХВ изрече 22 казни на оператори со храна во вредност од околу 40.000 евра

По спроведени вонредни контроли од 13 до 16 јануари годинава, во маркети и хипермаркети низ Македонија, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрекле 22 казни на оператори со храна, во вкупна вредност од околу 40.000 евра, вели директорот на АХВ, Оливер Миланов.

„Со контролите, кај 10 од операторите се потврдени се полесни повреди од областа на безбедноста на храната: Неселектираност на разладните уреди, нејасни и нечитливи декларации на производите и слично, за што се изречени мерки опомени, а во два маркети констатирано е дека вработените лица немаат санитарни книшки. Кај шест од контролираните маркети утврдено е дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата за Добра производствена и Добра хигиенска пракса. А, кај 14 маркети затекната била храна со изминат рок“, изјави Оливер Миланов, директор на АХВ.

По извршените контроли, инспекторите од АХВ одзеле и над 253 килограми месо, преработки од месо, млечени, кондиторски и други видови производи, како небезбедни и тие биле нештетно уништени, дополнува Миланов.

Во акцијата на АХВ биле контролирани вкупно 188 оператори со храна низ цела Македонија.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе