Вести Македонија Најважни

Осомничени 20 лица, буџетот оштетен за 5 милиони евра- за осуммина определ 30-дневен притвор

Заврши распитот на осум приведени поврзани со акцијата во УЈП, а по нивно произнесување, како и ценење на фактите и доказите, прифатен е предлогот и на сите 8-мина им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од сите 3 точки, односно опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност да го довешат или повторат делото.

Дваесет осомничени, меѓу кои 12 вработени во Управата за јавни приходи (УЈП) направиле штета на Буџетот од, речиси, 5 милиони евра, e епилогот од акцијата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Првоосомничен е Марјан Марковиќ, српски државјанин кој имал две фирми во земјава. Подружница на неговата фирма за производство, транспорт, трговија и услуги „Визмарк“ од Врање и уште една со истото име „Визмарк ДООЕЛ Скопје“. Се здружил со двајца вработени во УЈП – Регионална дирекција Скопје за да избегне да плати данок. Прикажувал неточни податоци во даночните пријави, а вработените во УЈП ги одобрувале. Ставил во џеб околу 188.000 евра, наместо да отидат во државната каса.

„Првоосомничениот, српски државјанин и сопственик и управител на две правни лица, заедно со двајца службеници од УЈП – Регионална дирекција Скопје, во текот на 2023 година формирале група со цел вршење на кривични дела даночно затајување, даночна измама, перење пари и злоупотреба на службена положба“, соопшти ОЈО ГОКК.

Подружницата „Визмарк“ додека Марковиќ, според обвинителството, затајувал данок била во плус. Имала добивка од околу 11.000 евра. Другата „Визмар“, пак, била во минус од околу 7.500 евра.

Во групата се вклучиле и газди, директори и вработени во други фирми во Скопје и во Гевгелија кои преку лажни пријави барале поврат на данок, а во тоа повторно им помогнале вработените во УЈП и така ќариле половина милион евра. Дел од нив вршеле трансфери и подигање пари за да прикријат од каде ги прибавиле средствата кои биле во износ од 1,5 милиони евра. Вработените во УЈП направиле штета на буџетот од над 2,5 милиони евра.

„Досегашните прибрани докази упатуваат дека осомничените вработени во УЈП – Регионална дирекција Скопје, од кои дел на високи раководни позиции, со повеќекратни злоупотреби на службената положба, нанеле вкупна штета на Буџетот на РСМ од најмалку 162.980.076 милиони денари“, информира ОЈО ГОКК.

Во рамки на акцијата беа извршени претреси на 16 локации низ државата и пронајдени и времено одземени фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати од правни лица. На девет осомничени им се определни мерки на претпазливост, односно одземање на пасош, обврска да се јавуваат на суд, забрана за комуникација со одредени лица и забрана за извршување одредени работни активности. Двајца веќе се во притвор бидејќи се осомничени и во случајот со земање мито по апсењето на поранешниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум земји од ЕУ го блокираат отворањето нов кластер за Србија, меѓу нив и Бугарија Хрватска?

Kristina Kuzmanovski

Рачна бомба фрлена кон ресторан во тетовско, две лице се повредени во експлозијата

Дејан Дејан

Ердоган им подари на сите лидери на НАТО гравиран револвер и кутија со боева муниција

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе