Вести Македонија Најважни

Украдените пиштоли на ЈП „Паркови и зеленило“ најдени на граничен премин

Украдените службени пиштоли од скопското јавно претпријатие „Паркови и зеленило“ се најдени на граничниот премин „Богородица“, а жител на Прилеп е приведен, бидејќи оружјето е најдено во возило на прилепска фирма во која тој е возач.

Обвинителството соопшти дека станува збор за девет полуавтоматски пиштоли со сериски броеви на оружјето кое било украдено во првиот викенд по Нова година од сефот на „Паркови и зеленило“ во Скопје. Тешката кражба е пријавена на 5 јануари. Оружјето го користело обезбедувањето на скопското јавно претпријатие. За 10 дена, деветте пиштоли стигнале до гевгелискиот граничен премин „Богородица“, но биле откриени. За уапсениот прилепчанец, обвинителството бара притвор, а продолжува истрагата за кражбата во Скопје.

Во продолжение, целосното соопштение на Јавното обвинителство:

Вкупно девет службени пиштоли кои биле предмет на  кривично дело „Тешка кражба“ извршена на 5 јануари од просториите на ЈП „Паркови и зеленило“ во Скопје се пронајдени во автомобил „Шкода октавија“, сопственост на правно лице од Прилеп при царинска контрола на граничниот премин „Богородица“.

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против жител на Прилеп кој на 14 јануари го изнајмил возилото од компанијата и со него се обидел преку граница да ги пренесе полуавтоматските пиштоли, скриени во фабричкиот простор помеѓу лимот и тапацирот на автомобилот.

По сериските броеви е утврдено дека станува збор за оружјето кое претходно било украдено од службените простории на ЈП „Паркови и зеленило“ од Скопје и регистрирано како службено оружје на обезбедувањето во скопското претпријатие.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување на мерка притвор за осомничениот за кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“ од член 396, став 4, во врска со став 1, од Кривичниот законик.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе