Белата куќа соопшти дека состанокот меѓу американските официјални претставници и високите претставници на Данска и Гренланд бил продуктивен, но испраќањето европски трупи на Гренланд нема да влијае на ставот на претседателот Доналд Трамп за неговите намери.
Портпаролката Каролин Ливит изјави дека е формирана работна група за технички разговори околу „аквизицијата на Гренланд“, кои ќе се одржуваат на секои две до три недели.
Сепак, Трамп јасно го истакнал својот приоритет – САД да го добијат Гренланд, што според него е од клучно значење за националната безбедност.
Данските и гренландските власти ги предупредија САД да го почитуваат територијалниот интегритет на островот.
Гренланд, поранешна данска колонија, доби автономија во 2009 година, што му овозможи самостојно управување и донесување на сопствени внатрешни политики.
