Вести

Пет години затвор поранешниот претседател на Јужна Кореја Јун Сук-јеол

На пет години затвор денеска е осуден поранешниот претседател на Јужна Кореја Јун Сук-јеол,  поради воведување на вонредна состојба во земјата кон крајот на 2024 година.

Тоа е прва пресуда во осумте казнени постапки што се водат против Јун. Тој е осуден и по други обвиненија, вклучително и пружање отпор при приведувањето. Најтешкото обвинение, за кое се води посебна постапка, е предводење на бунт, за што е предвидена и смртна казна.

Јун беше отповикан, приведен и сменет од претседателската функција откако во декември 2024 година воведе вонредна состојба, што предизвика масовни протести.

Поранешниот јужнокорејски претседател тврди дека не планирал земјата долго време да биде под воена управа, туку неговиот декрет бил наменет „само за информирање на народот за опасноста од либерално контролираниот Парламент кој ја опструирал неговата агенда“.

Според истражителите, декретот бил обид за зајакнување на неговата власт.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

НЛБ Банка и Прагма продукција ја најавија големата летна концертна сезона 2026

Sonja Petrusevska

Условна казна затвор за екс претседателката на Антикорупциска Taтјана Димитровска

Tea Dimkovska

Наркодилерот Цуната кој побегна од прозор на полициска станица Кочани во бегство – директорот на БЈБ очекува професионалност

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе