Иран рано утрово издаде наредба за затворање на својот воздушен простор, без да соопшти причина за ваквата одлука.
Мерката доаѓа во време на зголемени тензии поради крвавата пресметка на властите со демонстрантите низ целата земја и можноста од американски воени удари како одговор.
Според страницата за следење летови FlightRadar24, иранскиот воздушен простор бил затворен нешто повеќе од два часа, по што летовите постепено продолжиле да се враќаат во нормала.
Меѓувреме иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи повика на смирување на реториката и избор на дипломатија наместо војна.
Тој изјави дека и покрај негативните искуства со САД, преговорите се подобар пат од конфликт.
-Иран докажа дека е подготвен за преговори, за дипломатија. Ние го докажавме тоа во изминатите 20 години, во 2015 година, во 2025 година, секој пат. Но, САД беа тие што секогаш бегаа од дипломатијата, кои ја прекинаа дипломатијата и се одлучија за војна. Мојата порака е помеѓу војната и дипломатијата, дипломатијата е подобар начин, иако немаме никакво позитивно искуство од САД, но сепак, дипломатијата е многу подобра од војната. Но, на претседателот на САД е да одлучи, изјави Арагчи.
