Код Македонија

КОД: Фото робот на српски таен агент бил изработен за време на истрагата за атентатот врз претседателот Киро Глигоров

Во јавноста беа претставени два фото роботи за купувачот на амито кое било купено на авто пазар од лице кое зборувало на српски со акцент. Додека ја работевме оваа емисија за три децении по атентатот, тимот на КОД откри дека во МВР бил направен уште еден фото робот и тоа на лице кое било припадник на српската тајна служба.

До неговиот лик се стигнало кога еден жител на солитерите спроти хотел Бристол и местото на атентатот, неколку дена по ред во втората половина на септември 1995-та забележал маж кој му бил познат. Бидејќи сведокот претходно живеел и учел во Белград, на крај сфатил дека станува збор за негов соученик кој се викал Стефан.

Еден ден, сведокот успеал да се види со Стеван во поранешната кафеана Роза во центарот на Скопје. На прашањето, српскиот соученик му рекол дека е во Скопје бидејќи има бизнис и ако успее ќе се види со него. Во тој момент, сведокот не знаел дека неговиот соученик е таен агент на српската служба, но знаел дека користи стан во еден од солитерите со кои има директен поглед кон местото на атентатот.

По атентатот, сведокот чии сознанија за првпат во македонската јавност ги открива КОД почнал да се интересира за својот поранешен соученик од средно во Белград. Пријавил, по негов опис бил нацртан фото робот, третиот.

Полицијата проверувала и неколку празни станови, но на крај сведокот добил добронамерен совет од припадник на македонската ДБК да се повлече од приказната заради негова лична безбедност. Сето тоа се случувало во период од 4 месеци по атентатот.

Пред десетина години се обидува да се сретне со него, но не успева да го најде во Белград туку дознава дека негговиот соученик се преселил на периферија на српскиот главен град бидејќи е пенизонер.

Тогаш, сведокот дознал дека соученикот Стефан, цела работна кариера ја минал во српската тајна служба, првин во СДБ, а потоа и во БИА. За сите дознаени работи биле известени повече тогашни функционери, а македонското разузнавање се обидело да добие информации преку американски разузнавачи стационирани во Белград. Но, ништо повеќе од тој момент немало во истрагата за атентатот.

Миомир Серафиновиќ

Прилогот е објавен во емисијата на КОД за три децении по атентатот врз претседателот Киро Глигоров која е прикажана на ТВ Телма на 12.10.2025.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велешанка со нож го прободела вонбрачниот сопруг по семејно насилство

Дејан Дејан

Инфлацијата во јуни со пад од 0,5% споредено со мај – годишно повисока за 3,4 отсто

Tea Dimkovska

Судиите поротници денес на мирен протест откако со години никој не презема мерки за нивните ниски надоместоци

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе