Европската Унија (ЕУ) утрово го одобри 19-от пакет санкции кон Русија, насочени кон „флотата во сенка“ и рускиот банкарски и енергетски сектор, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта при пристигнувањето на денешниот Самит на ЕУ во Брисел.
„Европскиот совет денеска ќе донесе политичка одлука за да ги осигураме финансиските потреби на Украина за 2026 и 2027 година, вклучително и за набавка на воена опрема“, рече Кошта придружуван од украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Кошта нагласи дека ваквата одлука претставува многу јасна порака до Русија дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина се додека е потребно и колку и да биде потребно, потенцирајќи дека му е чест што на Самитот е присутен и Зеленски, како претседател, на како што рече, идна земја членка на Унијата.
