Вести Македонија Најважни

ДЗР: Недоволна ефикасност на системот за заштита на жените жртви на насилство- бројот на кривични дела за пет години надминува 6.240

Државниот завод за ревизија спроведе ревизија на успешност на тема „Имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулската конвенција) со посебен осврт на преземените мерки и активности од надлежните институции за  обезбедување на ефективни специјализирани услуги за поддршка и заштита на жените жртви на родово базирано насилство и семејно насилство “.

Врз основа на добиените податоци и извршените анализи, со ревизијата стекнато е разумно уверување дека мерките и активностите не се доволно ефективни за превенција, поддршка, заштита и целосна реинтеграција на жените жртви на родово базирано и семејно насилство.

Истанбулската конвенција е потпишана во 2011 година, а ратификувана во 2017 година, по што е донесен Акциски план за спроведување на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и домашно насилство за периодот 2018 – 2023 година со кои се предвидени  52 активности.

Утврдивме дека предвидените активности не се реализирани во целост, односно   реализирани се 22 активности, 20 не се реализирани, додека 10 се делумно реализирани.

Учество на активности според статус во вкупно предвидени активности

Утврдивме дека за периодот по 2023 година не е донесена Национална стратегија за спречување и заштита од насилство, ниту се усвоени сите подзаконски акти предвидени со Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.

Програмата за реинтеграција на жртвите донесена од министерот за социјална политика, демографија и млади е општа, нема утврдено период за кој се однесува ниту има утврдени јасни цели со мерливи индикатори кои треба да се остварат, што создава ризик за евалуација на нејзината имплементација и постигнување резултати.

Во февруари 2023 година, Кривичниот законик беше усогласен со Истанбулската конвенција, со што се криминализира родово базираното и семејното насилство, се зголемија казните за сексуално насилство, се прошири дефиницијата за семејно насилство, а фемицидот се третира како квалификуван облик на убиство.

Иако ова претставува значаен напредок, остануваат предизвици, како:

  •  недоволно вклучување на граѓанскиот сектор,
  • недоволна криминализација на психичкото насилство и фактот што гонењето за телесна повреда сè уште се врши по предлог на жртвата, што ја нарушува ефикасноста на заштитата и го намалува објективното гонење на сторителите поради влијанието и притисокот врз жртвите.

Во Центрите за социјална работа не е направена планираната реорганизација поради отсуство на функционална анализа и стандардизирани процедури, а истите се соочуваат со недостиг на кадар. Дополнително, дел од здруженијата кои даваат специјализирани услуги не се лиценцирани, а не постои уреден систем за лиценцирање на СОС линиите.

Бројот и територијалната распределеност на засолништата и советувалиштата не одговара на стандардите утврдени со Конвенцијата, а дел од постојните објекти не ги исполнуваат условите во однос на локација, опрема, простор и кадар, состојба која не овозможува ефикасна заштита на жртвите.

Имено, извршено е анализа на потребата од центри за жртви на родово базирано и семејно насилство (засолништа, советувалишта, кризни центри и СОС линии) според стандардите на Истанбулската конвенција, при што констатиравме дека:

  • Согласно бројот на жители, во државата треба да има 184 легла во засолништавоспоставени се само 67 (37%), од кои 48 се од Центрите за социјални работи (ЦСР), а 19 од невладиниот сектор (НВО). Во однос на советувалишта, потребни се 19, а воспоставени се 11 (59%), од кои 7 од ЦСР, а 4 од НВО.
  • Територијалната распределба е нерамномерна. Во Југоисточниот и Североисточниот регион нема ниту едно легло во засолништата на ЦСР, додека НВО обезбедуваат засолништа само во Скопскиот и Југоисточниот регион. Исто така, во Југоисточниот регион нема воспоставено советувалиште, иако е предвидено едно.

 

A map of different colors Description automatically generated

Со увид во дел од воспоставените засолништа и советувалишта, утврдено е дека голем дел од нив во претходниот период се користеле, но сега не се во функција.

slika_1

 

 

 

 

 

Воспоставено советувалиште за жени жртви на РБН и СН, кое не функционира

slika_2

 

 

 

 

 

Центар за жени жртви на РБН и СН (засолниште), кое не е во функција

slika_3

 

 

 

 

Центар за жени жртви на Рoдово базирано насилство и семејно насилство (засолниште), кое не е во функција, договорот за закупнина на објектот е истечен

Не е спроведена анализа на трошоците за специјализираните сервиси, што онемозможува реално планирање на потребните средства за квалитетна поддршка по корисник.

Со  цел утврдување на трендот на жртви на РБН и СН во периодот 2020-2023 година во државата, извршена е анализа на податоци од 30 Центри за социјални работи, кои  покажуваат дека во периодот 2020–2023 година се евидентирани вкупно 6.282 нови жртви на семејно насилство, со благ пораст низ годините.

Според податоците на МВР, во периодот 2018–2023 година се извршени 6.242 кривични дела поврзани со семејно насилство, од кои 61% се за телесна повреда, а 35% за загрозување на сигурноста. Регистрирани се 6.423 сторители, од кои 91% се мажи, и 6.663 жртви, од кои 79% се жени. Во истиот период се евидентирани и 2.347 прекршоци, со речиси еднаков број на жени и мажи жртви. Податоците покажуваат континуиран и непроменет сооднос во кој мажите се доминантни извршители на насилство, а жените се значително почесто жртви, што упатува на недоволна ефективност на досегашните мерки за превенција и заштита.

  • Бројот на мажи сторители на кривични дела е 9 до 11 пати повисок од бројот на жени;
  • Бројот на мажи сторители на прекршочни дела е 3 до 6 пати повисок;
  • Бројот на жени жртви на кривични дела е 4 пати повисок од бројот на жртви мажи;
  • Кај прекршочните дела, соодносот жени-мажи жртви е речиси изедначен.

 A table with numbers and symbols Description automatically generated

И покрај спроведените активности, соодносот помеѓу сторители и жртви останува речиси непроменет, што укажува дека активностите за превенција и заштита не ја подобруваат реалната состојба.

Со Одлука на Владата, во 2021 година формирано е Национално координативно тело чија задача е да го следи спроведувањето на Истанбулската конвенција и националните политики за борба против насилство врз жените и семејно насилство и треба да промовира меѓу институционална соработка. Утврдивме дека  истото не ги врши во целост своите надлежности и отсуствува интегриран систем на евиденција на жртвите, поради што не е можно да се обезбедат точни, навремени и унифицирани податоци од страна на сите надлежни институции вклучени во процесот на превенција и заштита на жените жртви на родово базирано насилство и семејно насилство и други информации релевантни за следење на состојбата за насилство врз жените. Ова оневозможува ефикасно следење на состојбата и креирање на соодветни и навремени политики и мерки за заштита и поддршка на жените жртви на родово базирано и семејно насилство.

За надминување на утврдените состојби дадовме препораки за преземања на активности од страна на Владата, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи и Центрите за социјални работи, како би се создале услови за подобрување на целокупната состојба поврзана со превенција и заштита на жртвите на родово базирано и семејно насилство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Тинка Ристеска, доајенка на театарот во Струмица

Дејан Дејан

Судот во Сеул го осуди поранешниот претседател на Јужна Кореја на две години затвор

Sasko Dimovski

Почина актерот Сем Нил, звезда на филмот „Јура парк“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе