Вести Македонија Топ вести

Опасен ТикТок тренд ги „загрозува“ скопските улици?

На социјалните мрежи се појави видео за кое се тврди дека станува збор за опасен предизвик кој се шири меѓу младите… На едно од тие видеа се гледа младо момче качено на хауба од автомобил во движење, додека се снима за ТикТок, ризикувајќи го својот живот и безбедноста на другите учесници во сообраќајот… Видеото, за кое е утврдено дека е снимано на потегот од населбата Бутел кон Чаир во Скопје, прикажува нерегистрирано возило и несовесно однесување со цел собирање „лајкови“ на социјалните мрежи… СВР Скопје веќе презема мерки за идентификација на лицата кои се појавуваат на снимката, како и за утврдување на сопственикот на возилото… Од полицијата апелираат до младите да не учествуваат во вакви опасни трендови кои можат да имаат сериозни последици…

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР поднесе кривична пријава против осуммина вработени во Државниот инспекторат за труд за трагедијата во „Пулс“

Tea Dimkovska

МВР без одговор дали има кривична пријава за избоденото момче во Ченто

Tea Dimkovska

Крави и коњи цела недела шетаат по градските улици во Тетово – никој не знае чии се

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе