Вести Свет Топ вести

Специјалниот претставник на САД, Виткоф се сретна со Нетанјаху

Стив Виткоф,  се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во обид да ги спаси разговорите за прекин на огнот во Газа и да разговара за хуманитарната криза во енклавата, каде што набљудувачите велат дека се заканува глад.

Најбрзиот начин да се стави крај на хуманитарната криза во Газа е Хамас да се предаде и да ги ослободи заложниците!, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на Truth social, кратко по пристигнувањето на Виткоф. 

Специалниот претставник на САД пристигна во Израел додека владата на Нетанјаху се соочува со зголемен меѓународен притисок поради широкото уништување во Газа и ограничувањата за помош на територијата.

По средбата, висок израелски функционер рече дека постои растечко разбирање меѓу Израел и САД дека е потребно да се премине од план за ослободување на некои од заложниците кон план за ослободување на сите заложници, разоружување на борците на Хамас и демилитаризација на Појасот Газа.

Службеникот не даде детали за тоа каков би бил тој план, но се смета за премин од барање ограничен прекин на огнот кон посеопфатен договор. Функционерот додаде дека Израел и САД ќе работат на зголемување на хуманитарната помош во услови на тековните борби во Газа.

Виткоф денеска ќе отпатува во Газа за да ги провери испораките на помош во храна, додека работи на конечен план за забрзување на испораките во енклавата, соопшти Белата куќа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Португалија е првата членка на ЕУ во мрежата HealthAI за надзор на примената на вештачка интелигенција во здравството

Sasko Dimovski

Дванаесет години затвор за поранешен италијански директор поради уривање на мостот Моранди во Џенова кој однесе 43 човечки животи

Sasko Dimovski

Престој со студентска виза до четири години, странските новинарите до 240 дена – нов чекор во имиграциската политика на САД

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе