Култура

Ќе се зачува традицијата и ќе се доразвива концептот на „Браќа Манаки“

Зачувување на традицијата на ИФФК „ Браќа Манаки“ и доразвивање на неговиот концепт. Ова е заложбата на новиот директор на фестивалот, Димитрија Доксевски, кој на денешната прес конференција најави возбудливо, квалитетно и богато 46 идание на најстариот фестивал во светот што ја слави уметноста на филмската камера. Според Доксевски, останува главната, кратката, документарната, студентската и програмата од балканската мрежа филмови, а се враќа „ Мак поинт“ програмата со домашни филмови.

  • Голем дел, односно скоро сѐ што е традиција и што е концепт на фестивалот ќе го зачуваме и ќе продолжиме да го развиваме, рече Димитрија Доксевски, директор на ИФФК „ Браќа Манаки“.

Добитникот на 28 меѓународни награди, меѓу кои е „ Златна мечка“ од  Берлин, за филмот „ Мед“ , турскиот сценарист, режисер и продуцент Семих Капланоглу, е годинашен добитник на наградата „ Златна камера 300“ , за специјален продонес во филмската уметност. Фестивалот „ Браќа Манаки“, ќе се одржи од 20 до 26 септември во Битола. Во главната програма ќе бидат прикажани над 40 остварувања, што доаѓаат од најпрестижните светски фестивали. А, отворањето и затворањето на фестивалот ќе биде со филмовите на Теона Митевска и Ѓорги Унковски.

  • Филмот на Теона Митевска ќе го отвори овогодинешното 46 издание на Меѓународниот фестивал на филмската камера „ Браќа Манаки“, филмот „ Мајка“. Филмот со кој што ќе го затвориме фестивалот , вториот македонски филм „ Диџеј Ахмет“, филм што постигна голем успех на меѓународната сцена, кажа Слаѓан Пенев, селектор на главната програма „ Камера 300“.

Во рамките на фестивалот, ДФРМ со доделување признанија ќе го одбележи јубилејот 75 години постоење. Со одлука на неговиот Управен одбор, наградата „ Голема ѕвезда на македонскиот филм“, ќе му биде врачена на композиторот на филмска музика, Кирил Џајковски, кажа претседателот на Друштвото, Игор Иванов.

Над 150 гости од земјава и странство се очекуваат да дојдат на работилниците, мастеркласите и за придружната програма на „ Браќа Манаки“.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започнува 60. Јубилеен МТФ „ Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Почина Хазарос Сурмејан, балетски уметник и кореограф

Дејан Дејан

„Трансформирана меморија“ самостојна изложба на Данчо Ордев, вечерва во галеријата Остен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе