Судењето за Талир два за за седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на ВМРО ДПМНЕ влезе во фаза на завршни зборови. Обивнителот Кристијан Смилевски во завршниот збор побарал судијката да изрече осудителна пресуда за екс прмиерот Никола Груевски и соодветна санкција со оглед на тоа дека тој е веќе осудуван.
Тој за Телма рече дека побарал и одземање и конфискација на партиското седиште и другиот имот што веке е замрзнат. Предложил и да се укине забраната за отуѓување на земјиштето под партиската зграда затоа што тоа не е дел од обвинението.
На следното рочиште закажано за 11 јуни завршен збор треба да даде и адвокатот на Груевски кому му се суди во отсуство. По тоа следува пресуда.
Но овој предмет застарува на 31 август ако до тогаш нема првавосилна одлука од апелацвиониот суд. Претходно застаре гонењето за екс генералниот секретар Кирил Божиновски.
Инаку на почетокот на денешното рочиште имаше и дополнение на доказна постапка.
Одбраната побара како доказ да се користи мислење од Врховен суд кое тие го побарале на 3 ти јуни но се уште не е изготвено, како и да се направи супер вештачење за да се одговори на спорните прашања, бидејќи имало спротиставени мислења на вештите лица.
Обвинителот приговараше, а судот не го прифати барањето.
