Вести Најважни Свет

„Ако 13 години не сме примиле нови членки, пропустите лежат и на страната на Европската Унија“ рече Мерц и најави промена на процесот на проширувањето

Лидерите на Германија и Франција, Фридрих Мерц и Емануел Макрон, испратија пораки за поддршка на европската перспектива на Западен Балкан, нагласувајќи дека проширувањето на Европската Унија треба да продолжи, но врз основа на јасни критериуми и спроведени реформи.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц истакна дека Европската Унија мора да покаже дека е способна и подготвена за проширување, оценувајќи дека и самата Унија има дел од одговорноста за застојот во процесот.

„Овој дел од Европа, во перспектива, припаѓа на Европската Унија. Ако веќе 13 години не сме примиле нови членки, тоа покажува дека пропустите лежат и на страната на Европската Унија, а нив сакаме денес да ги надминеме“, изјави Мерц.

Тој најави разговори со претставниците на земјите од Западен Балкан за следните чекори во пристапниот процес и изрази надеж дека ќе бидат донесени заеднички заклучоци кои ќе добијат поддршка и во Брисел.

Францускиот претседател Емануел Макрон, пак, потсети дека Франција во 2020 година се заложила за нова методологија на проширување, која се темели на принципот на сопствени заслуги.

„Вчера започнаа неформалните разговори, а денес ќе продолжат на темата за проширување на нашата Европска Унија со земјите од Западен Балкан. Франција во 2020 година се заложи за измени на оваа методологија, која сега се заснова на сопствени заслуги. Тоа овозможува транспарентност во реформите и интегрирање на европското законодавство од страна на земјите што се приклучуваат, но со одредено темпо“, изјави Макрон.

Пораките на двајцата европски лидери доаѓаат во време кога проширувањето повторно е високо на агендата на ЕУ, а земјите од Западен Балкан очекуваат нов импулс во пристапниот процес по години на застој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пленковиќ откри што бара Хрватска од црногорските власти да исполнат пред да станат членки на Унијата

Дејан Дејан

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Временска прогноза за 6.6.2026

meteo

Зеленски го повика Путин на директни разговори за крај на војната – дојди слободно во Москва, одговори Кремљ

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе