Вести Македонија Топ вести

Ќе се отвори ли конечно „Маркова Нога“, ова  е сепак Балкан вели за роковите евроабмасадорот Рокас

Повеќе од една деценија  политичарите зборуваат за повторно отворање на граничниот премин „Маркова Нога“ во Преспа. Најавите се интензивираа по потпишувањето на Преспанскиот договор, со  безброј ветувања и рокови за активирање на овој премин кон соседна Грција.

Конечно, градежните работи од македонска страна се доведени во напредна фаза, но на грчката страна преминот се уште е само зелена ливада. Иако завршувањето на проектот се очекува за две години, евроамбасадорот Михалис Рокас е  претпазлив и вели  дека ова е сепак Балкан.

  • Задоволни сме што гледаме напредок и сакам да им се заблагодарам на сите вклучени. Исто така, сигурен сум дека и од грчка страна ќе има напредок. Полицијата од двете страни соработува и ќе го следи текот на реализацијата. Активностите се планирани да завршат до февруари 2028 година. Сепак , ова е Балкан, рече амбасадорот Рокас.

Проектот е финансиран од Европската Унија, а го спроведува УНДП, чии претставници задно со претставници на државните институции, денеска ја посетија „Маркова Нога“ за да го видат напредокот на работите. Преминот ќе располага со сообраќајница во должина од 350 метри, со четири коловозни ленти – по две во секој правец, како и со придружни објекти и инфраструктура.

  • Прогресот е околу 60 проценти. Очекуваме работите да завршат до крајот на септември, согласно планираната динамика, и се надеваме дека нема да има отстапувања од роковите“, изјави Зоран Трајчевски, проектен менаџер на УНДП.

Граничниот премин „Маркова Нога“ е затворен веќе 60 години, а неговото повторно отворање се очекува да ги поттикне туристичката и трговската размена во регионот. Останува да се види дали овој проект ќе биде успешно реализиран или ќе ја доживее судбината на железничката пруга од Битола кон Грција, која е целосно изградена од македонска страна, но се уште не е ставена во функција

Емилија Мисирлиевски

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започнува 60. Јубилеен МТФ „ Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Мицкоски: Проширувањето е живо, а европските лидери го покажуваат тоа

Дејан Дејан

(фото)Повеќе од 330 основци учествуваа на церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе