Вести Македонија Најважни

Недостигаат 6.000 медицински сестри, тврди Унијата на здруженија

Со недостиг на медицински сестри се соочуваат земјите од регионот, меѓу кои и Македонија, но и дел од другите европски земји…

Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки, стоматолошки сестри предводени од Здружението „За нас“ апелира да се отворат конкурси за вработување медицински сестри, бидејќи недостигаат 6.000. Од Министерството за здравство за МИА информираат дека во тек се вработувања на 240 медицински сестри и дека планирано е во следниот период да има вработувања на двојно поголем број медицински сестри во јавните здравствени установи низ државата.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во Македонија има 9.200 медицински сестри, што значи дека се работи за многу мал број според бројот на жители. Во државава недостигаат околу 40 проценти медицински сестри и ако треба да бидеме 14.000, 15.000 медицински сестри, значи недостигаат околу 6.000, вели во изјава за МИА претседателката на Унијата на здруженијата, Гордана Бешлиоска.

Таа посочува дека во последно време има тренд на заминување на наши медицински сестри и во Словенија и во Хрватска, каде има комори на медицински сестри, признаено им е образованието, личните доходи им се многу повисоки, има континуирани и отворени конкурси и веднаш можете да се вработите. Во врска со тоа каде најмногу недостигаат медицински сестри таа вели дека тоа се стационарите, каде работата е многу опсежна, патронажните служби, потоа во операционите сали, клиниките…Според неа, во одделите за интензивна нега каде се тешко болните треба да има една сестра на еден пациент или најмногу на двајца пациенти една медицинска сестра.

Во врска со тоа колкави се платите на медицинските сестри рече дека медицинските сестри со средна стручна спрема имаат плата до 30.000 денари, а со високо образование земаат пет до шест илјади денари поголема плата од нив.

-На сестрите со специјалистичките студии, тие не им се признаени, како и на сестрите со втор и трет циклус на студии, магистериуми, не им е признаено научно образование. Околу 36.000 денари или 37.000 денари заработуваат сестрите со високо образование, на што им следат додатоците за нивниот работен стаж, за условите на работа, дежурствата, сменските работи…, истакнува Бешлиоска и додава дека стартната плата на медицинска сестра во здравствен дом може да изнесува 25.000 денари, во општа болница 27.000 денари, а во Клиничкиот центар – 30.000 денари.

Таа потенцира дека оптоварени и незадоволни здравствени работници иницираат и незадоволни пациенти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Хутите ја нападнаа Саудиска Арабија по четиригодишно примирје

Дејан Дејан

Ескалација на конфликтот меѓу САД и Иран – Трамп најави блокада на иранскиот сообраќај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе