Ревизор од ДЗР на претседателката на Антикорупциска Татјана Димитровска и го полагал тест за Сертификат за Државна тајна. Ова е дел од обвинението кое обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го поднесе против Димитровска за две дела-компјутерски фалсификат и оддавање службена тајна.
На ревизорот кој и поранешен колега на Димитровска а сега обвинет со неа, во август 2024 година Димитровска од службениот телефон преку Viber му ги дала шифрите за пристап на електронски систем за обука на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Тоj од компјутер на ДЗР користејќи ја нејзината електронска адреса во нејзино име го положил тестот за класифицирани информации, информираа од обвинителството.
„Сертификатот за успешно завршување на курсот за класифицирани информации издаден од страна на Дирекција за безбедност на класифицирани информации второобвинетата го употребила како вистински компјутерски податок и врз основа на него ѝ бил издаден безбедносен сертификат за пристап до национални класифицирани информации со степен Државна тајна“ велат од ОЈО ГОКК.
Со сертификат добиен со фалсификат Димитровска можела да работи и на предметите набавката на армиските хеликоптери, назначувањето на заменик директорката на АР, назначувањето началникот на ГШ и други кои содржат класифицирани информации.
„Претседателката на Антикорупциска е обвинета и за оддавање службена тајна на ексдиректорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, обвинет во предметот „Адитив“. Од мај до декември лани преку апликациите „Viber“ и „WhatsApp“ му давала податоци за поведени постапки, за отворање на предмети против сега обвинетите во предметот „Адитив“, службени белешки, кој од членовите на ДКСК ги работел предметите, какви биле одлуките но и податоци за проверка на имот на обвинетиот и на неговото семејство“ информираа од обвинителството.
Истрагата против неа започна, откако обвинителството го вештачело телефонот на Стојановиќ. но потоа од анализата на податоците во нејзиниот телефон сомнежите дека оддавала службена тајна се проширија и на тоа дека воопшто не полагала за државна тајна.
Димитровска се брани од слобода со одземен пасош но може да оди на работа со тоа што има забрана да работи на предмети и да има контакт со пошта и друга документација.
Во обвинителниот предлог против претседателката на Антикорупциска и ревизорот обвинителство гони и раководителка на ТЕЦ Неготино.
Обвинителството бара ново обвинети да бидат споени со предметот „Адитив“ кој е веќе во судска постапка, но последните неколку рочишта се одлагаа.
„Како обвинителство не сметаме дека пролонгирањето или одлагањето на предметот може да наштети во докажување на вина на обвинетите, впрочем имаше присутни новинари таму, предметот е со соодветна динамика, закажани се голем број на датуми и судења, такашто во една законита и судска постапка обвинителство смета дека ќе докаже вина“ изјави Наташа Поп Трајковска, обвинителка во Адитив.
Во Адитив обвинети се 32 физички и 5 правни лица. На поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски му се суди во отсуство а во судницата седнаа и неговиот наследник Васко Стефанов, како и ексдиректорите на РЕК Битола, Пеце Матевски и поранешните комерцијални директори на ЕСМ, Адријан Муча и Данчо Стојановски.
Елена Ивановска Мукоска
