Вести Македонија Најважни

Ќе настапат ли ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ заедно во Центар и Куманово – премиерот воздржан во одговорите

Ќе настапат ли ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ заедно во Центар и Куманово?! Од владејачката партија нема официјална потврда за соработка со владините коалициски партнери и можноста за заеднички кандидати во дел од општините.

Премиерот Мицкоски воздржан во одговорите, но тврди – преговорите се движат во одлична насока.

Една недела откако ВМРО-ДПМНЕ го потврди кандидатот за Скопје, нема нови имиња. Партијата досега откри 33 кандидати за градоначалници, а целата листа треба да биде објавена до крајот на август.

„Преговорите со политичките партии се во тек. Сите политички партии коишто се дел од внатрешна коалиција се наш приоритет и тие се во тек, се разговара. Очекувам коалицијата да биде потврдена, а потоа ќе продолжат и преговорите со нашите коалициони владини партнери. Во овој момент мислам дека се движат во одлична и позитивна насока. За Центар и Куманово кога ќе имаме повеќе детали, ќе излеземе со информации во јавноста“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на РС. Македонија. 

Максим Димитриевски веќе најави дека ќе се кандидира за нов мандат во Куманово, а ЗНАМ ќе има свој кандидат и за скопски Центар, но и во повеќе други општини. Досега, познато е дека помеѓу двете партии има принципиелен договор да настапат со свои советнички листи, а онаму каде што едните ќе имаат свој кандидат, другите ќе го поддржат. Паралелно течат разговорите и со Вреди.

Во меѓувреме, се чека СДСМ да го објави името на својот кандидат за градоначалник на Скопје. Од опозициската партија претходно објавија триесетина имиња за други општини, а информираа и дека одлучиле да не одат со кандидидат за градоначалник туку само со листа на советници во неколку општини, како Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 15.7.2026

meteo

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе