Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада на клучните патишта во Белград и други делови од Србија.
Граѓаните блокираат патишта и раскрсници во Ужице, Чачак, Крагуевац, Зрењанин, Смедерево, Суботица, Рума, Панчево, Ваљево, Горњи Милановац. Досега се сослушани 22 од 30 осомничени.
„Високото јавно обвинителство во Белград сослуша 22 од вкупно 30 осомничени за напад врз полицијата и насилно однесување по протестот на 28 јуни на плоштадот Славија“ објави денес обвинителството.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека изјавата на Европската комисија за ситуацијата во Србија и истрагата за наводната употреба на прекумерна сила од страна на полицијата на протестот е многу коректна.
Иницијативата „ПроГлас“ и „Слободна организација на Србија“ остро ја осудија полициската бруталност што се применува врз граѓаните по големиот протест на Видовден во Белград, оценувајќи дека бранот апсења, кои се насочени претежно кон студентите, потврдува дека режимот на Александар Вучиќ преминал во фаза на владеење со отворено насилство.
„На овој начин, режимот го воведува општеството во драматична криза со непредвидливи последици. Одговорноста за сите последици паѓа на режимот и неговите најистакнати претставници, но и на сите полицајци, обвинители и други членови на државниот апарат кои ги пречекоруваат своите службени овластувања и ги негираат основните граѓански права“, се вели во соопштението.
Студентите во блокадата објавија упатства и препораки до граѓаните за блокирање на улиците
Студентите во блокадата на Инстаграм им порачаа на граѓаните мирно да се повлечат доколку се појави единица која ги разбива демонстрациите. „По нивното заминување, можете повторно да се соберете“, напишаа тие.
Исто така, во соопштението, им порачаа на граѓаните да не објавуваат видеа каде што може да се видат лица на социјалните мрежи.
Извор на фотографија: Весна Лалиќ/Нова.рс