Дваесетгодишен македонски државјанин почина во Грција, откако бил извлечен од морето на плажата во Ханиоти во бессознание. Смртта била констатирана во болницата во Касандра
Од Крајбрежната служба на Грција информираа дека вчера попладне управата во Неа Мудања била известена дека „19-годишен странец (државјанин на Северна Македонија) е извлечен без свест од морскиот дел на плажата Ханиоти во Општина Касандра“.
Момчето со возило на брзата помош било пренесено во Здравствениот центар во Касандра, каде што била констатирана смрт.
Крајбрежната управа на Неа Мудања спроведува прелиминарна истрага за смртта на 19-годишниот, а телото ќе биде пренесено во Служба за судска медицина во Солун за да се изврши обдукција.
Волонтерот спасувач Јанис Колокитас кој само неколку минути по несреќата пристигнал на плажата, преку социјалните мрежи изрази жалење за смртта на момчето и посочи дека 19-годишниот доживеал срцев удар по давење во морето.
Објасни дека спасувачката која била на плажата со помош на други капачи го извлекле момчето од морето и веднаш започнала со пропишаниот процес на реанимација со истовремена употреба на автоматски дефибрилатор.
„Во 16:45 часот ми се јавија и пристигнав на местото за две минути, приклучувајќи се кон напорите заедно со спасувачката за да го вратиме детето во живот. Итна реакција на екипата на брзата помош со здравствените работници Андонис и Катерина, продолжувајќи ги напорите заедно, но за жал без посакуваниот резултат“, напиша волонтерот спасувач Колокитас.
Од МНР информираа дека до македонскиот Конзулат во Солун е доставена информација дека на плажа во близина на Халкидики животот го загубил 19-годишен македонски државјанин.
- Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни процедури за транспорт на телото во Република Северна Македонија, соопштуваат од МНР.