Попладнево одекнаа низа експлозии над Доха, главниот град на Катар, објави „Скај њуз“. Ваквата вест доаѓа половина час по предупредувањето на „Би-Би-Си“ дека голема база на САД во Катар е под закана од ирански ракетен напад. За експлозиите над Доха објави и „Ројтерс“.
Идентично сознание има и порталот Аксиос кој тврди дека Иран истрелал шест балистички ракети. Веста, како што објавија, им била потврдена од израелското официјално лице.
И „Би-Би-Си“ пренесе иста информација, повикувајќи се на Ројтерс и на Аксиос.
„Би-Би-Си“: Голема база на САД во Катар под закана од ирански напад
