Вести Македонија Најважни

Обвинение за телохранителот на премиерот Мицкоски- за продавање службени тајни од полициски истраги

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција потврди дека уште на 12-ти јуни е поднесено обвинение против Ангел Сарамаков, член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски кој беше уапсен на почетокот на април.

Обвинителството потврди дека против Сарамаков е поднесено обвинение за оддавање на службена тајна од користољубие. За ова дело, предвидена е минимална затворска казна од една година. Сарамаков беше уапсен во Велес со документација од истраги на велешката полиција, а наводно обезбедувачот на премиерот ги продавал тајните истражни информации за 50 илјади евра за да бидат објавени на социјални мрежи.

Оттогаш уапсениот Сарамаков е во притвор и е отстранет од обезбедувањето на премиерот каде бил ангажиран од лани кога е префрлен во Шестата управа на МВР.

Од обвинителството велат дека сега се чека одобрување на обвинителниот акт од надлежниот Кривичен суд во Скопје. Не е опфатен никој друг со обвинението.

Го обезбедувал премиерот Мицкоски и продавал службени полициски тајни- уапсен полицаец од Велес, вработен во 6-тата управа

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малолетни сведоци: Видовме полицајци во „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Пресудата за Груевски е резултат на измените на КЗ што ги донесоа СДСМ и ДУИ поради кои имаше многу политички амнестии, а многу и ќе следат, рече Мицкоски

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе