Вести Македонија Најважни

Алиу: Нова методологија за креирање на буџетот за здравство

Нова методологија за пресметка и креирање на буџетот на министерството за здравство, платформа поддржана од вештачка интелигенција достапна за граѓаните и нивните прашања, паркинг за вработените, информативни табли за пациентите.

Ова се дел од проектите кои новиот министер за здравство Азир Алиу соопшти дека ги почнал откако стапи на функцијата на почетокот на месецов.

За него приоритет е министерството да има реален буџет и затоа налижил до сите клиники да бидат доставени податоци за број на прегледи, трошоци, персонал. Алиу планира да креира нова методологија која ќе се базира на реални податоци а не на историја на лекување како што е досега.

Додека се мапира просторот на Клиничкиот центар за да се оптимизира паркинг просторот кој во моментот располага со 700 места кои се на располагање на 2.500 вработени и илјадници пациенти кои секојдневно доаѓаат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза„ со фирмата „ЛИМАК“ е договорено да бидат отстапени 300 паркинг места во трговскиот центар „Дајмонд“ кои ќе бидат обележани и 24 часа на располагање за вработените кои ќе одлучат да го користат и ќе го сносат трошок.

Кај петнаесетината метри потпорен ѕид кај детската клиника, за кои веќе една година се договора и преговара кој, како и зошто да го направи, теренот почнал да се расчистува и ќе биде повлечен еден и пол метар во кругот на Клиничкиот центар за да се ослободи простор за поширока улица.

Министерот Алиу најави дека на влезот и во кругот на Клиничкиот центар во Скопје ќе постави интерактивни информативни табли со цел граѓаните односно пациентите полесно да може да се снајдат и да ја најдат Клиниката и канцеларијата која им е потребна.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД се приклучи на израелската војна против Иран – нападнати трите клучни нуклеарни инсталации

Дејан Дејан

Колона возила над три километри на граничниот премин Богородица

Дејан Дејан

Мицкоски: Без додавки во извештајот за земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе