Вести Македонија Најважни

Родителите на загинатите во „ Пулс“ побараа одговори од МВР и средба со ОЈО ГОКК

Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „ Пулс“ на 16 март, и денеска, како и изминатите 9 пати маршираа низ градот, а незадоволството за загубата на нивните најмили поради, како што рекоа,  ненавремената реакција на надлежните институции, го изразија со свирежи и извици „уа“ пред кафулето на газдата на „ Пулс“ , пред Општина Кочани, а особено беа гласни пред полициската станица и пред судот и обвинителството.

Тие побараа средба со ОЈО-ГОК, а од министерот за внатрешни работи Тошковски да им одговори зошто полицијата правела контрола во објект кој не смеел да работи без лиценца и со блокирана сметка и дали полицајците кои вечерта кога се случил пожарот вршеле контрола во објектот за откривање дрога, постапиле законски.

Пред кочанската полициска станица мајката истури прашкаста материја, алудирајќи на дрогата што се барала таа вечер од присутните во дискотеката. Тука се обрати и еден татко на загинато дете во пожарот, кој кажа дека полицијата во Кочани ги заплашува младите да не сведочат во истрагата за случајот.

А, пред кочанскиот суд и обвинителството, родителите побараа одговори од обвинителите, зошто УЈП не го затворила објектот кој работел со блокирана сметка 217дена.

Пред два дена родителите на загинатите во пожарот беа во ОЈО-Кочани на увид на поднесеното обвинение со кое се опфатени 34 физички и 3 правни лица.

За следниот протест родителите побараа поголема масовност од цела Македонија, за да, како што рекоа, не им се случи истата трагедија и на нивните деца.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) – Десетти „Марш за ангелите“ во Кочани

Дејан Дејан

Инертни институции – мачени и убивани животни

Дејан Дејан

Жителите на радовишките села Бучим и Тополница бараат изградба на ветениот водовод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе