Вести Најважни Свет

Масовен израелски напад на Иран, бомбардирани над 100 локации – Иран најави жесток одговор

Израел изврши серија воздушни напади врз Техеран, таргетирајќи нуклеарни и воени објекти, но и истакнати воени и научни лидери на исламската република.

Израелските одбранбени сили, потврдија дека во нападите против Иран учествувале над 200 борбени авиони, кои употребиле повеќе од 330 различни експлозивни направи.

Нападнати биле 100 цели ширум Иран, во текот на минатата ноќ, вклучувајќи ги и високите воени лидери на државата, како и дел од научниците кои работела на иранската нуклеарна програма. Бил убиен и командантот на Иранската Револуционерната гарда, генералот Хосеин Салами, како и шефот на генералштабот на иранската војска, Мохамед Бакри.

Израелската армија соопшти дека Иран лансирал повеќе од 100 дронови врз Израел во последните неколку часа, како одмазда за израелскиот напад врз Техеран.

Израелските одбранбени сили ги повикаа граѓаните да ги следат инструкциите на командата за заштита на цивилите и да останат во засолништа.

Армијата е во состојба на висока готовност и постојано врши проценка на ситуацијата. Работиме на пресретнување на заканите, порачаа израелските власти.

Тие ја обвинија иранската влада дека води тајна нуклеарна агенда во рамките на официјалната програма за збогатување ураниум.

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека САД не се поврзани со израелскиот воздушен напад врз цели во Иран и нагласи дека Израел презел еднострани дејствија.

„Немаме никаква врска со нападите врз Иран. Наш врвен приоритет е заштитата на американските сили во регионот,“ се наведува во соопштението на Белата куќа. Рубио додаде дека Израел го информирал Вашингтон дека операцијата е неопходна за самоодбрана.

Претседателот Трамп и администрацијата ги презедоа сите мерки за заштита на американските сили и се во постојан контакт со регионалните партнери.

Да бидам јасен: Иран не смее да ги напаѓа американските интереси или персонал,“ изјави Рубио.

Израел ги ликвидираше команданите на Револуционерната гарда и Иранската армија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се крои план за цените – Мицкоски: Црешите се скапи поради студот кои го доживеаја

Дејан Дејан

На туѓо име матичен гинеколог правел бесплатен ПАП тест- сведоштво за Телма

Дејан Дејан

Расте бројот на жртви во воените удари на Израел и Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе