Вести Македонија Најважни

Уапсени уште 13 полициски службеници за пожарот во Кочани

13 полициски службеници и началници од Кочани и Штип вечерва се уапсени во рамки на истрагата за пожарот во Кочани, потврдија за Телма од истрагата.

Уапсените биле на функција или на должност вечерта кога се случи пожарот во Пулс кога загинаа 62-ца луѓе, а 211 беа повредени. Истрагата за полициските службеници ја води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а уапсените претходно беа на распити во постапки пред Внатрешната контрола на МВР.

Сите приведени се осомничени за предизвикување општа опасност. Приведени се и началниците на кочанската полиција и на криминалистичкиот оддел во Кочани за кои беа објавувани фотографии од учество на партиски состаноци што е забрането според Законот за полиција.

Обвинителството потврдува дека апсењето е во тек, но најави информации за утре за кога е закажана и прес конференција. Досега со истрагата за пожарот во кабаре Пулс беа опфатени 14 полицајци и началници за  нивни постапки пред 2024-тата година.

Ова е прво апсење на полицајци кои вршеле началнички функции или биле на должност на 16-ти март кога изгоре Пулс.

Полицајците од партиски „собиранки“ под истрага на Внатрешна контрола, засега не се осомничени за одговорност за Пулс- Нацев не бил дел од партиските структури од 2017-та, ама Рубикон реди тендери од летото 2024-та

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одмазнички напади на Иран врз Израел, повредени најмалку пет лица

Дејан Дејан

Праксата покажа дека најдобро е и за повредените и за семејствата сите следни фази од лекувањето да се одвиваат во Кочани, вели директорот на ФЗОМ

Дејан Дејан

Федерален суд го блокира обидот на Трамп за промена на изборното законодавство во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе