Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски информира дека денеска ќе го потпише решението за формирање комисија за стручен надзор при МЗ, во врска со детето од Кавадарци кое почина пред неколку дена откако пред неколку дена Државниот санитарен и здравствен инспекторат соопшти дека при инспекциските надзори, не се констатирани недостатоци од надлежност на ДСЗИ, во врска со починатото тригодишно дете.
До сега беа извршени вонредни инспекции во три здравствени установи за следење на лекувањето на починатото тригодишно дете. Инспекции беа направени во Ординација Целзус Нова во Кавадарци, Општа болница Кавадарци и УК за детски болести во Скопје.
Директорот на Општа болница Кавадарци формирал Комисија од тројца доктори за утврдување на можна материјална одговорност. Родителите побараа проверка за можна лекарска грешка.