Балкан Вести Топ вести

Вучиќ најави предвремени избори по завршувањето на подготовките за Експото

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави дека по завршувањето на подготовките за Експото ќе има предвремени избори. Напоредно илјадници српски студенти и граѓани протестираа попладнево во центарот на Белград  со цел да го зголемат притисокот врз претседателот Александар Вучиќ да распише предвремени избори.

На почетокот на мај студентите повикаа на предвремени избори за да се стави крај на политичката криза, откако владата не ги исполни нивните барања за одговорност за трагедијата во Нови Сад кога се урна бетонска настрешница на железничката станица и загинаа 16 луѓе.

„Колку животи мора да бидат загрозени или изгубени за да се стави крај на корупцијата“, беше пораката од протестот во Белград, а пред обвинителството и Владата демонстрантите извикуваа „сакаме избори“.

Српските власти се на ставот дека студентските барања се исполнети, додека студентите го негираат тоа.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе