Вести Македонија Најважни

Предлогот Трајко Славески за гувернер пред пратениците

Избор на гувернер на Народната банка е точка на дневен ред на денешната собраниска седница. За иден гувернер е предложен универзитетскиот професор Трајко Славески од Економскиот факултет во Скопје, кој треба да ја замени Анита Ангеловска Бежоска. За изборот му се потребни 61 глас или просто мнозинство. Славевски е актуелен претседател на советот на Град Скопје, а претходно ја извршуваше функцијата министер за финансии.

Славески ќе има седумгодишен мандат, а доаѓа на предлог на предлог претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Од ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија дека ќе дадат поддршка за предлогот за иден гувернер, додека од опозицијата изјавија дека нема да гласаат за предлогот. затоа што, според нив, се работи за партиски кадар, а не експерт што досега било традиција при изборот на гувернер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ прашува: Зошто нема обвинение против началникот на СВР Штип, Дејан Салтировски?

Дејан Дејан

Помалите партии ги извадија од фиока старите закони за една изборна единица

Дејан Дејан

Трамп ја зголемува царината за увоз на челик од 25 на 50 отсто

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе