Вести Македонија Најважни

Ангелов гаснеше пожари и бркаше мечки – Меџити вели наследникот може да го надмине

Muhamed Alji i Stojance Angelov

Рокада во службите за справување со несреќи. Досегашниот директор на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов е назначен за в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Ангелов доаѓа на местото на Џеват Селами, кој е во домашен притвор во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 62 млади луѓе. Под истрага за пожарот се уште двајца претходни директори на ДЗС – Беким Максути и Шабан Салиу.

Мухамед Аљи, досегашен вработен во ДЗС, пак, доаѓа на местото на Ангелов. Од денеска е в.д. директор на Центарот за управување со кризи.

На примопредавањето на функцијата во ЦУК, Ангелов рече дека на неговиот наследник, кој доаѓа на предлог на Вреди, ќе му биде тешко да го следи неговото работно темпо, но оти верува дека ќе даде сè од себе.

„Јас сметам дека наметнав нови стандарди на однесување и работење, жестока работа, нешто што го планирам и овде. Ќе му треба време да влезе во новата функција. И јас кога дојдов за нов директор на ЦУК исто така ми требаа месеци и месеци за да навлезам во тајните на кризниот менаџмент“, изјави Ангелов по преземањето на функцијата во ДЗС.

Поранешниот полициски генерал Ангелов наметна невообичаен начин на работа како директор на ЦУК – гаснеше шумски пожари, ги повикуваше институциите да ги решат проблемите со отворени шахти или со оштетениот надвозник во Визбегово, заедно со спасувачите ја поминуваше Брегалница и бркаше мечка во Жировница. Вицепремиерот Меџити не се сомнева во квалитетот на нивниот кадар.

Прашање: Ќе може ли новиот директор на ЦУК да го следи темпото на работа на Ангелов?

„Може и да го надмине“, кусо одговори Меџити.

Ангелов вели дека Дирекцијата за заштита и спасување, каде што сега доаѓа, долго време е во агонија – нема пилоти, има проблеми со сервисот на противпожарните авиони, има недостиг на квалитетен кадар, опрема и обука и оти, заедно со способните луѓе од институцијата, тој планира да ги реши проблемите.

Тој најави дека ќе може одвнатре да ја разгледа институцијата каде што доаѓа, ќе ги детектира слабостите кои ќе бидат отстранети во новата институција која ќе се формира по спојувањето на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Иницијативата за спојување на двете институции во една произлезе летоска за време на големите шумски пожари.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ излезе со листа на кандидати за 25 општини – за Град Скопје се уште мистерија

Дејан Дејан

Русија со нов меморандум подготвена за преговори со Украина

Дејан Дејан

Димовски: Не би сакал за секоја посета на европски високи официјални лица нас да не фаќа еуфорија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе