Постигната е согласност за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство на еднодневниот самит во Тирана.
По средбата со Стармер, премиерот Мицкоски изјави дека договор е историски и тој ќе овозможи инвестициски циклус во вредност 5 милијарди фунти.
„Со овој меѓувладин договор сигурен сум дека ќе имаме уште погоолема билатерална соработка, ќе ги зацврстиме нашите врски и со ова ќе се не само искуството туку и ќе се сподели искуството на Обединетото кралство во тој дел на ЕУ и сметам дека Балканот е навистина инспиративно место“ изјави Христијан Мицкоски, претседател на Влада.
Премиерот Кир Стармер за стратешкиот договор истакна дека е од голема важност и со него ќе се решаваат многу важни работи меѓу двете држави.
„Драго ми е што имавме прилика да раговараме на овој билатерален состанок, ова е мошне важно за нас цврсти односи меѓу нашите две земји. Фактот што можевме да го потпишеме овој меѓувладин договор сметам дека е од голема важност и тоа покажува дека ние ќе решаваме многу работи меѓу двете држави. Се радувам на оваа билатерална средба и билатералниот договор и мислам дека имаме многу да направиме заедно“ изјави Кир Стармер премиерoт на Обединетото Кралство .
Премиерот соопшти дека за договорот се преговарало повеќе месеци меѓу тимови од двете држави, и вклучува членови за блиска соработка во повеќе клучни области.
Теа Димковска
Мицкоски на средба со Стармер во Тирана – Ќе има ли стратешки договор?