Балкан Вести Топ вести

Шест вагони цистерни со фосфорна киселина излетаа од шини во Србија

На железничката пруга Неготин-Зајечар, помеѓу Брусник и Рготина, ноќеска излетале од шини шест вагони-цистерни натоварени со фосфорна киселина, но немало истекување, испарувања и нема опасност по човечки живот или животната средина.

Сообраќајот во моментов е во прекин на тој дел од железничката пруга, се наведува во соопштението од „Србија карго“. Излетувањето од шините на вагоните-цистерни на компанијата „Еликсир“ се случило во 1:45 часот по полноќ.

Товарниот воз имал 12 вагони-цистерни и патувал од Прахово до Шабац.
Во тек е  утврдување на причината за таа несреќа од страна на надлежни органи, се вели во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе