Вести Најважни Свет

Мерц не е избран за канцелар во првиот круг – шокантен исход во Бундестагот

Фридрих Мерц не е избран за канцелар на Германија по првиот круг на гласање во Бундестагот. Тој не ги доби гласовите на сите пратеници на владеачката коалиција, пренесува „Дојче Веле“.

Шокантниот исход на гласање заврши со 310 гласа „за“ од вкупно 630 пратеници, иако демохристијаните и социјалдемократите имаат 328 мандати, а на седницата беа присутни сите пратеници.

Гласањето веројатно ќе се повтори, а друг кандидат освен Мерц нема. Засега нема изгледа дека седницата ќе биде прекината, а пратеничките групи се повлечени на советување.

Иако вчера беше потпишан коалициски договор за влада, се чини дека некои пратеници биле воздржани или не гласале, испраќајќи на тој начин политички сигнал.

Ова е прв кандидат за канцелар во историјата кој се соочува со ваков пораз. Според законот, рокот за второ гласање е 14 дена, кога на кандидатот му треба апсолутно мнозинство. Ако дојде до трет круг на гласање, тогаш ќе биде потребна релативно мнозинство, но тешко замисливо е дека Мерц ќе се впушти во такво нешто.

Германските берзи во слободен пад по неуспехот на Мерц да биде избран за канцелар во првиот круг на гласање

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На второто гласање Бундестагот го избра Фридрих Мерц за нов канцелар на Германија

Дејан Дејан

По повеќе од три години преговори Велика Британија и Индија постигнаа трговски договор- царините на британските автомобили ќе се намалат од 100% на 10%

Дејан Дејан

Европскиот фронт „отворен за соработка“ и со Таравари, Филипче немал директни контакти со него – во мај ќе се знае дали Алијанса останува на „Илинденска бр. 2“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе