Мирче Паунов, нов в.д. директор на ЈКП „Водовод“ во Кочани. Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани, Венко Крстевски го именува Паунов за нов в.д. директор на ЈКП „Водовод“ во Кочани.
„Паунов е внатрешно решение за ЈКП, со кого заеднички ќе работиме на финансиска консолидација, реорганизација и подобрување на услугите што ги испорачува „Водовод“. Ќе бидеме фокусирани на скратување на сите непотребни трошоци, со цел „Водовод“ што побрзо да излезе од финансиската криза. Мирче Паунов е чесен човек, кој доаѓа од угледно семејство и верувам дека ќе ја продолжи традицијата на значаен јавен придонес за заедницата. Со назначувањето на Паунов започнуваме со департизација во раководењето и вработувањата и професионално функционирање на јавниот сектор“, соопшти в.д. градоначалникот Крстевски.
Крстевски најави дека од Државниот завод за ревизија ќе побара вонредна ревизија за работењето на ЈКП „Водовод“, кое има долг од околу 3 милиони евра.
Новиот в.д. директор Мирче Паунов е дипломиран машински инженер, со 14-годишно работно искуство во ЈКП „Водовод“ како вработен и раководител на Комунална хигиена.