Балкан Вести Топ вести

ЕУ отвори нов сет поглавја во пристапните преговори со Албанија

Конференцијата го означи почетокот на нов сет поглавја од преговорите меѓу Албанија и ЕУ — „Внатрешен пазар“. Пакет ги опфаќа поглавјата: слободно движење на стоки, работници, капитал, право на основање и слобода на давање услуги, право на трговски друштва, интелектуална сопственост, конкуренција, финансиски услуги и заштита на потрошувачите и здравјето.

Премиерот Еди Рама изјави дека Албанија останува целосно посветена на отворање и затворање на сите поглавја до 2027 година, и изрази благодарност до земјите членки на ЕУ и Европската комисија за брзото и „мазно“ отворање на новите поглавја.

Министерот за надворешни работи на Полска, Радослав Сикорски, во име на полското претседателство со Советот на ЕУ, истакна дека овие поглавја се клучни за економската интеграција на Албанија во внатрешниот пазар на ЕУ. Реформите што се бараат ќе донесат поголема економска усогласеност со ЕУ, нови можности за трговија и ќе ја направат Албанија попривлечна за странски инвестиции.

Тој додаде дека огромното мнозинство од албанските граѓани ја поддржуваат европската перспектива на земјата, што претставува дополнителен поттик за ЕУ да го забрза преговарачкиот процес.

Комесарката за проширување, Марта Кос, порача дека денешните дискусии испратиле јасна порака – ЕУ стои зад интеграцијата на земјите од Западен Балкан, кои остануваат еден од врвните приоритети на Унијата заради стабилноста и безбедноста на регионот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе