Вести Македонија Топ вести

Одложено судењето за сообраќајната несреќа во која загина 22-годишната Теодора Ристовска

По втор пат се одложи почетокот на повторното судење за сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Теодора Ристовска. Причината е тоа што обвинетиот Менсур Пајазити не беше присутен на рочиштето во Основниот суд Тетово од здравствени причини. Семејството на Ристовска е револтирано бидејќи се уште не може да ја истераат правдата и три години се по судови.

  • „Мора да има системски промени затоа што народот се наоѓа на улица.  Три години не мачат. Ќерка од 22 години ја изгубив, ја убија. Мора да се борам за неа, јас плачам за правда. Не плачам за друго. А правдата ја нема во Македонија“, изјави таткото на Ристовска.

Адвокатката на семејството на жртвата, Наташа Ѓорчевска изјави дека ќе  проверат дали медицинската документација која ја доставил обвинетиот е валидна, бидејќи имаат сознанија дека Пајазити оди на работа.

  • „Од наша страна ќе биде проверено дали навистина е во болница, дали навистина му е потребно лекување. И дали во овој период од одлагањето тој се јавува на работа затоа што е наставник во гимназија во Тетово. Затоа што, ако е на боледување, како оди на работа, за што ќе се потрудиме до наредната расправа да добиеме одговор од надлежните институции“, изјави адвокат Наташа Ѓорчевска, бранител на семејството на Теодора.

Пред судот во Тетово имаше и протести за правда за Ристовска која беше прегазена во август 2022 година. Обвинетиот беше осуден на три и пол години затвор. Но, потоа Апелација ја намали казната на две години. Врховниот суд го врати предметот на повторно судење.   Наредното рочиште е закажано за 7 април.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Државниот завод за ревизија утврди слабости во финансиското работење на Општина Центар

Дејан Дејан

(ФОТО)Пораки од „Кој е следен?“ – Наведнатата глава не ни помага – сабјата упорно нè сече

Дејан Дејан

Израел го прифати предлогот на Трамп за примирје со Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе