Вести Македонија

Мерџановски: Никогаш нема да го заборавам тоа кошмарно утро

„Се уште не можам да верувам дека вежбата која ја направивме пред месец и половина: МВР, Министерството за здравство и  противпожарната со слично сценарио ќе биде нашата кошмарна реалност во Кочани и трагедијата која се случи“, вели трауматологот д-р Мерџановски. Во 3 часот утрото на 16 март го добив повикот од д-р Дејан Здравковски, раководителот на Ургентниот центар  и веднаш започнавме со мобилизација на секундарното и терциерното здравство на трите болници во Скопје , вели д-р Мерџановски. Веднаш беше алармирана и Владата и беа свикани двата кризни штаба во Министерството за внатрешни работи и во Министерството за здравство. Во 4 часот наутро бил одржан и првиот состанок.

„Во тој момент за 15 минути од повикот некаде околу 3 часот и 15 минути за 15 до 20 минути 30 до 40% од капацитетот на лекарите, сестрите и болничарите веќе беа дојдени на работа и првите пациенти кои беа носени од несреќата во Кочани, дел со приватни возила дел со амбулантни возила. Во кризниот штаб во МВР каде бевме сите почнавме да ги пренасочуваме сите повредени лица од Кочани“ изјави д-р Игор Мерџановски, директор на Универзитетска клиника за трауматологија.

Дел беа хоспитализирани во Кочанската, дел во Штипската болница, дел во Скопје благодарение на капацитетот на Итната медицинска помош за превоз. Во оној миг кога завршува пренасочувањето по насоките од Кризниот штаб во МВР започнува згрижување на пациентите

„Почнавме да ги згрижуваме пациентите да даваме тријажа, да ги распоредуваме по клиниките на Пластична хирургија,Клиниката за интензино лекување , собата за опоравување која што ја користиме исто така за интензиво лекување. Во консултација со Владата, со директен контакт на сите координативни тела кои се вклучени во контрола на овие два кризни штаба донесовме заклучок дека толку пациенти терциерното здравство и Македонија нема можност да ги згрижи и да им пружи соодветна медицинска помош“ изјави д-р Игор Мерџановски, директор на Универзитетска клиника за трауматологија.

Во тој миг конзилиумот на кризниот штаб во Клиничката центар „Мајка Тереза“ заедно со ГОБ 8 Септември и Градската општа болница носи одлука дека треба итно да се побара помош во координација со Владата, да се отклучи Системот за цивилна заштита на ЕУ и во истиот миг започнува да доаѓаат понудите за помош, вели д-р Мерџановски. Секоја земја има систем за лекување на вакви пациенти и повеќе од 5 до 6 пациенти не можат да се примат во една болница. Првите најкритични пациенти се трансферирани во Србија, Бугарија и Грција.  Денес во раните утрински часови се пренесени двајца критични пациенти во Шведска.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демонстратите на денешниот голем протест во Белград побараа предвремени избори

Дејан Дејан

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Фараж: Албанија да си ги земе криминалците назад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе