Вести Македонија Топ вести

Повеќе членови на ДНК загинале во пожарот во Кочани

Андреј Ѓоргиески, еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани. Веста за неговата смрт Телма ја дознава од неговото семејство. Исто така музичарот Филип Стевановски од Куманово- придружен член на дуото ДНК загинал во пожарот што ја зафати дискотеката „ Пулс“ во Кочани, јавува штипската телевизија Тв Стар.

Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор , а магистрирал jazz музика. Работеше во Државниот музички училишен центар „ Сергеј Михајлов“ во Штип, велат од Тв Стар.

Во несреќата загинал и тапанарот на ДНК, Ѓорѓи Ѓорѓиев од Струмица.

  • Ах бре убаво дете,  во сите списоци, во сите болници баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука… Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, кој преку својата музика ширеше радост и емоции. Во овие тешки моменти, моите мисли и молитви се со неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа и сакаа. Нека почива во мир, а неговата музика и споменот за него вечно да живеат во нашите срца“, соопшти струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.

Според најновите информации, загиналe и фотографот на групата-Александар Ефремов и придружниот вокал, Сара Пројковска.

Игор Велков, тонецот на групата „ДНК“ и бит-боксерот Мартин Атанасовски познато како Мартин Буцо, се меѓу загинатите во дискотеката „Пулс“. Вкупно, досега има шест жртви кои доаѓаат од бендот ДНК и нивната придружба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Доближувањето на Таравари до ДУИ е доближување до „црвените лини“ во владината коалиција, велат аналитичарите во Топ Тема

Дејан Дејан

Средбата Мицкоски – Таравари заврши без конечен епилог

Дејан Дејан

Романскиот премиер Чолаку поднесе оставка, ден по победата на Симион во првиот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе