Вести Најважни Свет

САД времено ја запреа воената помош за Украина- Трамп со порака Зеленски „нема да биде уште долго во нашето опкружување“ ако не склучи договор со Русија

САД ја прекинаа воената помош за Украина, потврди претставник на Белата куќа за Си-Би-Ес… Официјалниот претставник тврди дека „помошта е ставена на пауза и се разгледува помошта за да се осигураме дека таа придонесува за решение“.

САД беа најголемиот извор на воена помош за Украина, вклучувајќи оружје, опрема и финансиска поддршка, откако Русија започна целосна инвазија пред три години.

Одлуката доаѓа по само неколку часа откако Трамп го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски кој рече дека крајот на војната со Русија е „многу, многу далеку“.

Во меѓувреме, британскиот премиер Кир Стармер објави план од четири точки за соработка со Украина за да се стави крај на војната и да се брани земјата од Русија.

Но, европските лидери по самитот во неделата сугерираа дека не можат да гарантираат мир во Украина без помош на САД.

Трамп: Зеленски „нема да биде уште долго во нашето опкружување“ ако не склучи договор со Русија

Претседателот Доналд Трамп порача дека договорот за ставање крај на непријателствата „може да се направи многу брзо“, но според него се чини дека Зеленски не е заинтересиран.

„И ако некој не сака да склучи договор, мислам дека таа личност нема да биде многу долго во близина. Таа личност нема долго да се слуша. Затоа што верувам дека Русија сака да направи договор“, истакна Трамп.

Зеленски пак е на ставот дека на рускиот претседател Владимир Путин не може да му се верува дека ќе го одржи прекинот на огнот и дека Украинците нема да го положат оружјето без безбедносни гаранции од Соединетите Држави и Европа.

Коментарите на Трамп се надоврзуваат на ставовите од неговите советници и сојузници кои сугерираа дека Зеленски можеби ќе треба да се повлече.

Трамп и Белата Куќа ја паузираат воената помош за Украина

Украински парламент: Mировните напори на американскиот претседател се „клучни“

Украинскиот парламент реку соопштение напишано на англиски јазик соопшти дека смета оти безбедноста на земјата е загарантирана со поддршката на САД и ги опиша мировните напори на претседателот Доналд Трамп како „клучни“ за ставање крај на тригодишната војна со Русија.

Во соопштението, кое доаѓа три дена по јавната расправија во Белата куќа меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, се вели дека поддршката на Вашингтон е „поважна од кога било за украинскиот народ“.

  • Украинскиот народ сака мир повеќе од кој било друг во светот и верува дека личната улога на претседателот Доналд Трамп и неговите мировни напори ќе бидат клучни за брз прекин на непријателствата и постигнување мир за Украина, Европа и целиот свет, се вели текстот..

Ердоган изрази поддршка за суверенитетот на Украина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја истакна поддршката на неговата земја за територијалниот суверенитет и интегритет на Украина за време на вечерата за ифтар со амбасадорите и странските државници во Анкара.

Тој рече дека „фундаментално решение“ за конфликтот не може да се постигне без Русија или Украина на преговарачка маса.

Ердоган, исто така, ги повтори своите неодамнешни тврдења за европската безбедност, велејќи дека присуството на Турција е од суштинско значење за стабилноста и важноста на континентот.

Орбан ќе бара од Европскиот совет да нема заклучоци за Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе предложи на Европскиот совет да не бидат донесени заклучоци во врска со Украина поради разликите во ставовите на земјите-членки на ЕУ.

Министерот за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека постои стратешка разлика помеѓу Унгарија и мнозинството на ЕУ во поглед на украинската војна.

Според него, двете позиции не можат да се помират, бидејќи Унгарија сака војната да заврши, додека мнозинството во ЕУ сака да продолжи.

Сијарто исто така потенцираше дека Унгарија е на страната на мирот и дека комуницираат со американската администрација, која, според него, се залага за мировен договор, за разлика од некои европски лидери кои се противат на таквите напори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на норвешката принцеза осомничен за три случаи на силување и 23 други кривични дела

Дејан Дејан

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе