Вести Македонија Најважни

Чие име повеќе симболизира криминал и корупција?

Чие име повеќе симболизира криминал и корупција? ВМРО ДПМНЕ, СДСМ или ДУИ? Партиите кои се менуваат на власт од независноста, и денеска во вербална битка за непосакуваниот примат во досегашното владеење.

Од ВМРО ДПМНЕ, пак, со контра удар:Пари за поголеми плати нема поради криминалот на  СДС и ДУИ.

Политичките противници не престануваат со меѓусебни обвинувања ниту за слабата економија и лошиот животен стандард.И покрај тоа што имаа повеќегодишни шанси да ја докажат својата способност,инсистираат на тоа дека тие правеле и прават се што можат, но другите се виновни за неуспесите.

Во своја одбрана, пак, ДУИ кои до лани беа константно на власт, а поранешниот вицепремиер од нивните редови е во бегство, упорно повторуваат дека тие не се виновни за ништо, па дури поддржуваат и ветинг. Партијата, чиј лидер јавно кажа дека знае каде е Груби, но тоа не и го соопшти на полицијата, денеска декларативно излезе со поддршка на европската директива за борба против корупцијата, која се фокусира на создавање специјализирани тела со соодветни ресурси и обука за ефикасно спречување и борба против корупцијата.

Далиборка Демјанска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Косовски државјанин се обидел да пренесе килограм марихуана – во спат повредил цариник при што бил приведен

Tea Dimkovska

Мавровското Езеро порибено со 460 килограми крап во пресрет на Светското првенство во спортски риболов

Tea Dimkovska

Скопјанка се сомничи дека како претседателка на Комисијата за одгледување канабис не спроведувала контроли кај правно лице од Свети Николе

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе